Путин: Многудетните семејства се темелот на иднината на Русија

Онлајн-средба со семејства одликувани со орденот „Родителска слава“

Онлајн-средба со семејства одликувани со орденот „Родителска слава“

kremlin.ru
Семејствата со повеќе деца се темелот на иднината на Русија, продолжение на илјадагодишната историја на земјата, нацијата и обединетиот народ, изјави претседателот на РФ Владимир Путин, пренесуваат руските медиуми.

„Со вашиот пример ги инспирирате другите. Убеден сум дека многу млади луѓе гледајќи ве вас мечтаат за семејства со толку деца. И меѓу моите блиски пријатели такви семејства. Тоа е навистина прекрасно, затоа што семејството во кое има многу деца е темелот на иднината на Русија. Продолжение на нашата илјадагодишна историја како земја, како нација, како обединет народ“, рече Путин во текот на онлајн-средбата со семејствата одликувани со орденот „Родителска слава“.

Детскиот омбудсман Ана Кузнецова на состанокот со Путин ден претходно изјави дека бројот на семејства со повеќе деца расте, како и дека има сé повеќе деца во таквите семејства, така што може да се каже дека речиси една петтина деца во Русија растат во многудетни семејства.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња