Кратка пауза: Московски носачи ja свират „Катјуша“ на клавирот на клиентот (ВИДЕО)

Носачи кои во рускиот главен град транспортираа клавир до возилото запреа и на инструментот ја отсвиреа „Катјуша“.

Снимката се појави на јутјуб- каналот ViralHog:

На видеото се гледа како тројца момчиња во флуоресцентни елеци го туркаат инструментот на асфалтот пред куќата, додека четвртиот решава да седне на клавијатурата и да почне да свири. Еден од музикалните работници му се придружува на перформансот и почнува да танцува.

Во еден момент капакот за малку ќе паднеше и ќе му ги скршеше рацете на „музичарот“, но неговиот снаодлив колега интервенираше и ја спаси целата работа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња