Во Санкт Петербург падна необичен дожд од искри, а сето тоа поради силно невреме. Во средата, 19 мај 2021, во вечерните часови гром удри во покривот на една зграда на раскрсницата на „Проспектот на ветерани“ и улицата „Војник Корзун“. Од силното електрично празнење од покривот се разлетаа искри и паднаа врз минувачите. Овој епски момент е забележан на снимка што граѓаните ја објавија на социјалните мрежи.
„И небото се отвори! Мислам дека пешаците кои во тој момент се најдоа на удар на Зевс нема да го заборават овој ден. А сé се случи вчера кај раскрсницата на Ветераните и Војникот Корзун“, коментира авторот на снимката.
Искрите како лава се распрснаа преку минувачите. На една жена чадорот ѝ помогна да се заштити. Според достапните информации, никој не е повреден.
„Многу страшно, првпат гледам такво нешто“, го коментираа настанот Петербуржани.
Во текот на вчерашното невреме сепак еден човек беше повреден. Тој се наоѓал во сеник кога ветрот го однел покривот. Во градот, исто така, паднаа околу 60 стебла кои оштетија 11 автомобили.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче