Право на учество имаат жителите на Уфа кои се вакцинирани од коронавирус, соопшти информативната служба на Министерството за здравство на Башкирија.
„Во директната програма на ТВ-каналот „Вся Уфа“ (Цела Уфа) ќе бидат извлечени среќните добитници. Првата награда е еднособен стан во Уфа, а останатите награди се најнови модели на мобилни телефони“, се вели во соопштението. Наградната игра трае до 20 јуни. За учество е неопходно да се вакцинираат против коронавирус, а потоа од добиениот флаер со QR-кодот да се изврши регистрација на сајтот „Здоровая Уфа“ (Здрава Уфа).
Раководителот на регионот Радиј Хабиров во текот на оперативниот состанок им наложи на градските власти да го засилат темпото на вакцинација, истакнувајќи дека треба да се бараат нестандардни решенија. Според податоците од 17 мај, првата компонента на вакцина против COVID-19 ја примиле 310496 жители на републиката, додека втората компонента ја примиле 224864 жители.
Претходно оперативниот штаб на Магаданската област соопшти дека властите на регионот ќе им платат 1000 рубли (11 евра) на лицата постари од 60 години и на оние кои спаѓаат во ризична група доколку се вакцинираат против коронавирус. И властите на Чукотка соопштија дека на постарите лица кои ќе се вакцинираат против Ковид ќе им се исплати еднократна парична помош во висина од 2000 рубли (22 евра).
Властите на Москва први почнаа со програма за стимулирање на вакцинацијата на постари лица. Во главниот град на Русија од 27 април на сила е програмата „Милион награди“. Московјаните постари од 60 години кои до 1 јули ќе примат вакцина против коронавирус добиваат на подарок картичка со 1000 поени, со тоа што еден поен вреди 1 рубља. Со картичката можат да се плаќаат услуги и стока во продавниците, аптеките и рестораните кои се партнери на оваа акција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче