На островот Сахалин, во близина на викенд-населбата Нечаевка во Корсаковскиот реон, брегот го покри икра на харинга која локалното население ја собира со лопати и ја користи за наѓубрување на градините.
„Жителите на Сахалин со автомобили ја носат икрата од харинга во градините и ја користат како ѓубриво. Икрата се протега во ширина од неколку метри околу 3 километри по должината на брегот источно од Нечаевка. Дебелината на слојот икра наместа достигнува 10-15 сантиметри“, напиша на својата страница на „Инстаграм“ раководителот на „Еколошка стража на Сахалин“ Дмитриј Лисичин.
Според него, тоа не е ништо необично и страшно, бидејќи исфрлањето жива харинга на брегот и икрата што останува на брегот сведочат за обилно мрестење.
Претходно на Сахалин морето исфрли голем број живи харинги на брегот. Научниците објаснуваат дека тоа е честа појава кај рибите по мрестењето.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче