Руски гробари се натпреваруваат во брзо копање гробови (ВИДЕО)

nasledie_ritual
При одлучувањето за победникот на натпреварот што првпат се одржува во Русија, освен брзината се оценуваше и квалитетот на извршените работи, дали се рамни ѕидовите, колку е комфорен пристапот и дали сандакот може да го собере во јамата. Натпреварот се одвиваше со музика и бодрење на навивачи. На неупатениот набљудувач отстрана сé му како насобраните мажи да трагаат по закопано богатство и се трудат да ги претекнат конкурентите.

Во новосибирскиот парк Каменка што се наоѓа при крематориумот се одржа шампионат во копање гробови.  

Според пропозициите на натпреварот учесниците мораа да ископаат што побрзо да ископаат гроб во должина 200, ширина 80 и длабочина 160 сантиметри. Право на учество имаа сите погребни работници од сите региони во Русија и земјите на ЗНД постари од 18 години.

Покрај тоа, за победниците во серуското натпреварување во брзо копање на гробови се предвидени и награди, и тоа за освоено прво место 30 илјади (околу 335 евра), за второ 20 (околу 220 евра), а за трето 10 илјади рубли (110 евра).

Според организаторите на настанот, тие на тој начин сакале да го подигнат нивото на извршување погребни работи и да побудат интерес кај младите за ова занимање.

Победници на натпреварот беа таткото и синот Голованови од Омск, кои ископаа гроб за 38 минути. Второто место му припадна на тимот од Новосибирск, а третото на оној од Кемеровската област.  

Натпреварот првин требаше да биде одржан во експо центарот во Владивосток, меѓутоа во јуни организаторите на проектот „Некропол“ соопштија дека натпреварувањето се сели во Омск. Меѓутоа, поради лошата епидемиолошка ситуација во Омската област беше најавено дека натпреварувањето ќе биде поместено и одржано 2021 година во Новосибирск.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња