Ефикасноста на еднокомпонентната вакцина изнесува 79,4 проценти од 28-миот ден по имунизацијата, соопштуваат Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ и Рускиот фонд за директни инвестиции. Стапката на ефикасност од околу 80 проценти ги надминува стапките на ефикасност кај многу вакцини кај кои се потребни две дози, се наведува во соопштението.
Се прецизира дека процената на ефективноста е извршена врз основа на податоците собрани од Русите кои примиле само една доза во рамките на програмата за масовна вакцинација и кои од која било причина не ја добиле втората доза во периодот од 5 декември 2020 година до 15 април 2021 година.
Според лабораториските истражувања на центарот „Гамалеја“, вакцината „Спутник Лајт“ е ефикасна против сите нови соеви на корона вирусот, се додава во соопштението на Фондот.
„Спутник Лајт“ не бара посебни услови за складирање и логистика, а цената е достапна - помалку од 10 долари.
Се додава дека десеттиот ден по вакцинирањето со „Спутник Лајт“ клеточен имунолошки одговор на С-протеинот на коронавирусот се формирал кај 100% од вакцинираните.
Вакцината „Спутник Лајт“ е исто така погодна за ревакцинација и комбинација со други вакцини, како и за зголемување на ефикасноста во комбинација со други вакцини.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче