Од Скопје до Москва за 3 часа и 25 минути

Legion Media
Руската авиокомпанија „Норд винд“ ги објави цените на билетите за директните летови од Скопје за Москва.

По дводецениска пауза обновена е авиоврската помеѓу Скопје и Москва. Имено, од 21 мај 2021 година под патронажа на руската авиокомпанија „Норд винд“ ќе започне да сообраќа редовна линија Скопје-Москва. Откако во 2001 година по конфликтот во Македонија од земјата замина „Аерофлот“ ова е прв обид за повторно враќање на линијата која ги поврзува двете престолнини.

Како што може да се забележи на сајтот на компанијата „Норд винд“ се воспоставува директна редовна линија, а авионите ќе сообраќаат еднаш неделно и тоа секој петок. Летот од Скопје е во 18 часот и 10 минути, а пристигнувањето во Москва е во 22 часот и 35 минути (по локално време). Од Москва авионот ќе полетува во 14 часот и 45 минути, а ќе слетува во Скопје во 17 часот и 10 минути. Летот во просек ќе трае 3 часа и 25 минути.

Цените на билетите се исто така во согласност со современите тенденции. Така, за повратен билет со ознака премиум, која вклучува рачен багаж од 10 килограми, чекиран багаж од 20 килограми, избор на место за седење и храна изнесува помеѓу 280 и 300 евра. Во цената се вклучени сите аеродромски такси и останати трошоци.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња