Скара со лимонада: Во руски град забранета продажбата на алкохол за време на мајските празници

Christian Thiele / dpa
Во периодот од 1 до 10 мај се забранува во градот Кизил малопродажба на алкохолни производи, вклучувајќи пиво на сите продажни места (со исклучок на угостителските услуги), се наведува во соопштението на градските власти.

Во Кизил, главниот град на руската република Тува, градската управа забрани продажба на алкохолни пијалаци во периодот од први до десетти мај.

Русите, според указот на претседателот на РФ, а на предлог на раководителот на службата за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“, со цел спречување на ширењето на коронавирусот, за мајските празници одмараат десет дена – од 1 до 10 мај.

За угостителите важи препораката да не продаваат алкохолни пијалаци. Забрането е и носење алкохол на прослава на настани посветени на мајските празници.

Во овој град имаше забрана за продажба на алкохолни пијалаци за осми март, како и во текот на периодот на самоизолација.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња