Претседателот на РФ Владимир Путин се согласи со предлогот на раководителот на „Роспотребнадзор“ Ана Попова трите меѓупразнични мајски денови да бидат неработни. Таа го изнесе предлогот сметајќи дека тој поволно ќе влијае на актуелната епидемиолошка ситуација, бидејќи Русите во спротивно повеќе би го користеле јавниот превоз одејќи и враќајќи се в град, а со самото тоа и би биле во поголем ризик од ширење на болеста.
„Доколку сметате дека е потребно, во ред, така и ќе направиме, денес ќе ги потпишам соодветниот указ“, рече Путин.
Така за руските граѓани после 30 април прв работен ден ќе биде 11 мај. Инаку, во Русија во мај официјални неработни денови се од први до трети (по повод Денот на пролетта и трудот) и осми, деветти и десетти, кога се слави Денот на Победата.
Интересно е што официјалниот сајт на „Руски железници“ еден час по објавувањето на оваа вест буквално се вжешти, соочувајќи се со технички проблеми. Руските граѓани, откако дознаа за продолжувањето на празникот, поитаа да набават билети за меѓуградските линии.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче