Фреските со сцени на маки на зависници од интернет во пеколот од Николаевскиот Малицки манастир во Тверската област се во согласност со духот на времето, велат од овој храм.
Времето се менува и страстите се различни. Лошите духови не мируваат, напредокот не запира и тие почнуваат да ги користат изумите на човештвото за свои цели. Лошите сили наоѓаат нови начини да ги наведат луѓето на погрешен пат и тоа им поаѓа од рака. Погледнете колку луѓе испаѓаат од реалноста, зависни се од социјалните мрежи, онлајн-игри, воопшто не разговараат едни со други, само се допишуваат, коментираат од манастирот.
Една парохијанка рече дека фреските ги правел романскиот иконописец Руслан Гебја, кој почнал да ја слика црквата 2010 година. Како што наведе таа, посетителите реагираат „воодушевено“ на модерните претстави на грешниците.
Како што се истакнува, и вработените во овој храм користат интернет, но само за работа. Манастирот има своја страница на социјалните мрежи со 3300 следбеници. На манастирската братија, како што велат, ѝ е мило што фреската толку многу години по нејзиното создавање го привлече вниманието на јавноста и се надеваат дека оние што ќе дојдат во храмот да ги видат фреските ќе посакаат да си го сменат животот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче