„Ние во Србија се надеваме дека претседателот Владимир Путин ќе ја посети Србија во мај. Затоа што тогаш ќе се одржи свеченото отворање на храмот „Св. Сава“, кој ќе биде најголемиот православен храм на Балканот, а можеби и во светот. А тој е изграден со помош на Русија и Руската православна црква“, рече српскиот амбасадор.
„Очекуваме дека претседателот Путин, заедно со претседателот Вучиќ, свечено ќе го отвори храмот. Исто така, се надеваме дека на отворањето ќе присуствува патријархот Кирил“, додаде дипломатот.
Според него, отворањето на храмот „Св. Сава“ нема да се одржи пред 9 мај. „Веројатно кон средината на мај или кон крајот на мај“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче