Путин се ревакцинираше

Bai Xueqi/XinHua/Global Look Press
Путин ја прими втората доза домашна вакцина против корона.

Претседателот на Русија Владимир Путин е ревакциниран откако пред три недели ја прими првата доза домашна вакцина против коронавирус.

„Сакам да ве известам дека тукушто пред влегувањето во оваа сала ја примив втората доза вакцина. Се надевам дека сé ќе биде во ред. Не само дека се надевам, туку во тоа сум и убеден“, рече Путин на седницата на претседателството на Руското географско друштво.

Претседателот на Руската Федерација на 23 март ја прими првата доза на една од трите домашни вакцини против коронавирусот. Дмитриј Песков, портпаролот на шефот на руската држава, тогаш најави дека втората доза вакцина Путин ќе ја прими за околу три недели.

Путин одби да се вакцинира пред камери, велејќи дека не сака да имитира никого, напомнувајќи притоа дека доколку некој има намера да фалсификува нешто тоа воопшто не е тешко и дека пред камерите може да се прикаже делка сте добиле вакцина, иако тоа можат да бидат само витамини.

Претседателот не откри која точно вакцина ја примил. Како што рече, тоа го знае само неговиот лекар кој му ја даде вакцината.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња