Во фабриката за авиони во Воронеж успешно завршија првите летечки испитувања на новиот Ил-96-300ПУ кој ќе се користи како претседателски авион.
Според зборовите на Попов, одлуката за одредување на претседателски авион ја донесува специјална комисија. Како по правило, станува збор за повеќе летала, а не само едно. Дури и кога претседателот патува на состаноци во странство, како што истакна тој, неговиот авион го дублира ист таков.
Кон оваа мерка се прибегнува заради непредвидени околности. Како што рече Попов, еднаш во моторот на авионот во кој се наоѓал претседателот влетал гулаб, така што веднаш бил обезбеден „дублерот“.
Новиот претседател авион според надворешните карактеристики многу малку се разликува од претходниот модел на леталото. Но, затоа пак внатрешноста е импресивна.
Распоредениот систем на силите и средствата за набљудување на воздушниот простор околу леталото е значително унапреден, рече Попов. Како што наведува пилотот, Ил-96-З00ПУ е опремен со радиорадарска, радиотехничка, оптичкоелектронска и визуелна контрола.
Системите на авионот се исто така дуплирани, а некои меѓу нив и неколку пати.
„Авионот има четири мотори. Ако се случи да откажат два, леталото непречено може да продолжи и да се крева и спушта, и да маневрира и да лета“, истакнува пилотот.
Познато е дека само со еден мотор претседателскиот авион може да прелета околу 800 километри и мирно да слета на аеродром.
Авионот № 1 не е само еден, постои цел одред авиони кој не го користи само претседателот, туку и Владата на РФ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче