Руската веб-страницата Cosmos Travel на 7 април пушти во продажба аранжмани за руски државјани кои живеат надвор од Русија, а кои вклучуваат вакцинирање против коронавирус.
Руските државјани ќе можат да дојдат во Русија на неколку дена за да се вакцинираат со вакцината „Спутник V“. Туристичкиот аранжман вклучува и престој, превоз, како и превоз до центарот каде што се врши вакцинацијата. Цената на авионскиот билет до Москва не е вклучена во цената, соопштува рускиот весник „Ведомости“.
Cosmos Travel претстави две варијанти на аранжманот, првата се однесува на патување во Русија, со престој во кој било град во траење од три недели (за да се успее со вакцинирање со двете дози на вакцината), и неговата цена е 1500 евра.
Вториот пакет е поевтин и чини 700 евра, и вклучува две патувања во Русија на по три дена.
Наведените туристички аранжмани се достапни за сите лица кои имаат руско државјанство и кои живеат надвор од границите на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче