Во Волгоградската област се вакцинираше против коронавирус 106-годишната Русинка Елизавета Бојко. Ова го соопшти локалната администрација на својот инстаграм-профил.
Елизавета Бојко, која е родена на 5 септември 1914 година во Руската империја за време на царот Николај II, живее во Волгоградскиот дом-интернат за стари и инвалиди. Теренската екипа на здравствените работници ја вакцинираше со рускиот препарат „Спутник V“ и таа се чувствува добро, се наведува во соопштението.
За време на Втората светска војна Елизавета Бојко го изгуби сопругот и во своето село Праваја Балка во Волгоградската област останала со малиот син. Целиот живот работела во земјоделството. Според нејзините зборови, долгиот живот го должи на активниот живот и љубовта спрема работата.
Кон средината на март вакцина прими московјанин кој има 104 години. Тој е најстариот вакциниран граѓанин во руската престолнина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче