Русија е прва земја на светот која има вакцина против КОВИД-19 за ЖИВОТНИ! (најважни факти)

Во Русија е регистрирана „Карнивак-Ков“, првата вакцина на светот против коронавирусот за животни.

Во Русија е регистрирана „Карнивак-Ков“, првата вакцина на светот против коронавирусот за животни.

Агенција „Москва“
Вакцината е веќе регистрирана. Наменета е за кучиња, мачки и животни со крзно.

Русија е првата земја во светот која регистрираше вакцина за животни против новиот коронавирус. Препаратот се вика „Карнивак-Ков“ и веќе во април се пушта во масовно производство. Еве ги најважните факти што ни се познати.

Каква е вакцината?


Во Русија е регистрирана „Карнивак-Ков“, првата вакцина на светот против коронавирусот за животни.

„Карнивак-Ков“ е инактивирана сорбирана вакцина. Во неа се користи вирус кој е веќе „убиен“ со помош на хемиски реагенси, топлина или радијација. Ваквиот вирус не може да се размножува, но имуниот систем го препознава вирусниот протеин и реагира. Ова е доста распространета технологија. Со истите вакцини, на пример, се вакцинираат луѓето против грип и полиомиелитис.

Вакцината е направена во Федералниот центар за заштита на здравјето на животните. Тоа е потструктура на Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола („Россељхонадзор“). Клиничкото тестирање започна во октомври 2020 година.

За кого е наменета вакцината?

Во Русија е регистрирана „Карнивак-Ков“, првата вакцина на светот против коронавирусот за животни.

Наменета е пред сè за оние видови животни кои се чувствителни на КОВИД-19. Тоа се кучињата, мачките и дивите животни со скапоцено крзно. Како што се дозна во текот на 2020 година, од новиот коронавирус можат да заболат домашните животни (такви случаи се забележани ширум светот), а исто така и животните на фармите. Сите се сеќаваме на масовното истребување на визони во Данска.

„Карнивак-Ков“ најпрво беше тестирана на ласици, кои не се толку чувствителни на вирусот, и со оглед на тоа што покажа добар резултат започнато е со истражување на чувствителни животни, односно на мачки и на животни со крзно.

Колку долго трае имунитетот?

Во Русија е регистрирана „Карнивак-Ков“, првата вакцина на светот против коронавирусот за животни.

Како што соопштија од „Россељхонадзор“, кај животните е забележано 100% создавање антитела. Вакцината е направена во согласност со сите норми и е целосно безбедна. Сепак, траењето на имунитетот сè уште не се знае, па затоа постојано се следат тестираните животни. Засега со сигурност може да се каже дека трае шест месеци.

За воља на вистината, тешко е да се очекува дека може да трае подолго од тоа. Инактивираните вакцини се специфични по тоа што обично е потребно вакцинирање секоја година.

Дали е неопходно да се вакцинираат животни? Дали се тие опасни за човекот?

Во Русија е регистрирана „Карнивак-Ков“, првата вакцина на светот против коронавирусот за животни.

Не, не е неопходно. Сепак, има смисла да се направи тоа.

Според заклучоците на Светската здравствена организација, засега не постои научен доказ дека новата инфекција се пренесува од животни на луѓе, но докажано е дека се пренесува од луѓе на животни. Тука постои уште една нијанса: според мислењето на руските научници вакцината може да спречи развој на мутации на вирусот кои најчесто се случуваат токму со преминот на друг вид (на пример, од куче на мачка или од човек на мачка).

Во Русија е регистрирана „Карнивак-Ков“, првата вакцина на светот против коронавирусот за животни.

Научниците засега не гледаат смисла во тоа да се врши масовна вакцинација на домашните животни. Конкретно во Русија забележани се само два случаи на заразување на мачка со коронавирусот, а на фарма за одгледување на животни со крзно ниту еден. Сепак, популарно е мислењето дека опасноста уште не е мината, така што најдобро е да се биде подготвен за различни варијанти на развој на ситуацијата. „Коронавирусот сè уште го нема реализиран својот патоген потенцијал. Додека ние во текот на годината го заштитиме човештвото со помош на добри вакцини, дотогаш веќе ќе бидат заразени домашните животни“, предупредува академик Александар Гинцбург од Руската академија на науките.

Компании од Грција, Полска и од Австрија веќе планираат да ја нарачаат „Карнивак-Ков“, за неа се заинтересирани и САД, Канада и Сингапур.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња