Путин им е пример на Русите да се вакцинираат: Прими прва доза на руска вакцина против корона

AP; Nikolay Gyngazov/Global Look Press
„Сите три руски вакцини се апсолутно сигурни, апсолутно делотворни и апсолутно безбедни. А која вакцина ја одбра претседателот знаат тој и неговиот лекар“, изјави портпаролот на Путин.

Путин ја прими првата доза на руска вакцина против новиот коронавирус, изјави пред новинарите портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

„Според тоа, за три недели ќе ја прими втората доза“, додаде тој.

Претседателот на Русија се вакцинираше вчера и, како што истакна Песков, се чувствува добро.

Која точни вакцина ја примил претседателот Путин не се наведува.  

Се работи за една од трите руски вакцини – „Спутник V“, „ЕпиВакКорона“ или „КовиВак“. За имунизација на луѓе над 60 години се предвидени само првите две. Втората доза на вакцината „Спутник В“ се прима по три недели, додека „ЕпиВакКорона“ се дава две до три недели по првата вакцинација.

„Сите три руски вакцини се апсолутно сигурни, апсолутно делотворни и апсолутно безбедни. А која вакцина ја одбра претседателот знаат тој и неговиот лекар“, рече Путин.

Портпаролот на шефот на руската држава изрази надеж дека Путин ќе им биде пример на Русите да се вакцинираат.

Како што претходно беше соопштено, рускиот лидер есенва го очекуваат бројни активности, многу контакти со луѓе и патувања по земјата и светот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња