Зошто Путин сé уште не се вакцинира против COVID-19?

AP; Nikolay Gyngazov/Global Look Press
Според Владимир Путин, неговата ќерка летото 2020 година ја прими првата руска вакцина против ковид „Спутник V“, но претседателот сé уште не се вакцинирал. За тоа постои објаснување.

Во Русија од јануари 2021 година почна масовна вакцинација на граѓаните против коронавирус, при што и заинтересираните странци кои се наоѓаат во Русија можат да ја примат вакцината „Спутник V“. Сепак, претседателот Владимир Путин сé уште не ја примил.

Во февруари 2021 година Путин се сретна со директорите на руските медиуми и во текот на разговорот со нив соопшти дека сé уште не ја примил „Спутник V“, затоа што според неговата програма за вакцинација му претстои вакцинирање против други болести, како што се грип и пневмокока.

„Нема да се глупирам и затоа тоа нема да го сторам специјално пред камерите, но сигурно ќе ја примам нашата вакцина која ја сметам за најдобрата на светот според сите показатели (мислејќи на „Спутник V“ – заб. на уред.)“, рече рускиот претседател, пренесува „Комерсант“.

Во најскоро време Путин планира да се консултира со лекарите кои треба да му кажат кога би било најдобро да прими вакцина против коронавирус. Претседателот претпоставува дека тоа ќе биде кон крајот на летото или почетокот на есента 2021 година, во времето кога има планирани службени патувања.

На 11 август 2020 година Путин соопшти дека е регистрирана првата вакцина на светот против инфекцијата со Covid-19 „Спутник V“. Според него, една од неговите ќерки учествувала во испитувањето на вакцината и ги примила двете дози. После првата доза температурата ѝ се качила на 38 степени, а наредниот ден била малку повисока од 37.

„Тоа е сé, по втората доза, втората вакцина, температурата исто така малку ѝ се качи, а потоа сé се нормализираше, добро се чувствува, а показателите за антитела се високи“, рече рускиот претседател во август минатата година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња