Претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговата сопруга Силиа Флоерс се вакцинираа со „Спутник V“. Мадуро ја објави оваа вест на „Твитер“.
„Сите спроведени студии велат дека руската вакцина е одлична за создавање имунитет“, напиша Мадуро.
„Спасибо“, додаде венецуелскиот претседател на руски.
По примањето на вакцината Мадуро се пошегува дека знаењето руски јазик би можело да биде една од последиците на третманот со руската вакцина. Потоа кажа неколку збора на шпански, модифицирајќи ги така да звучат како да се руски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче