Путин нагласи дека денес во секој дом, во секое семејство се слушаат искрени честитки до мајките, бабите, сопругите, сестрите, ќерките, пријателките, колешките. Стариот обичај за славење на Денот на жената, според зборовите на претседателот Путин, „на сите ни дава некакво убаво чувство; го симболизира доаѓањето на пролетта, ја нагласува улогата на жената во нашите животи, улогата во грижата за оние вистински вредности што отсекогаш се тука“.
„На овој свет му носите хармонија, нежност, убавина и она најважното - безусловна мајчинска љубов. Без двоумење им го давате своето битие на децата, нивниот развој, воспитувањето, се грижите за нив, се гордеете и се радувате на нивните успеси, правите сè за да пораснат во успешни и добри луѓе“, рече претседателот.
Путин нагласи дека грижата за децата, топлината на семејниот дом со кој жените сакаат да го опкружат своето семејство, не е лесна секојдневна работа и заслужува највисоко признание.
„Во исто време, на некој неразбирлив начин, успевате насекаде и во сè, достигнувате височини во разни полиња на работењето, секогаш предизвикувате чувство на почит кон вашата посветеност, сигурност, одговорниот пристап кон работата. А денес е токму таква можност да ви се заблагодарам за овие најважни особини во секое занимање“, рече тој.
Тој особено ги поздрави жените кои работат како медицински работници. Путин истакна дека во тешките услови на епидемијата, тие одржуваат силен дух и професионализам и даваат сé од себе.
„Им благодарам на сите жени - лекарките, болничарките, медицинските сестри и негувателките - на сите кои ги спасуваат болните, без оглед дали се во брзата помош, или се во болниците или поликлиниките“, додаде претседателот, пренесува РИА „Новости“.
Тој истакна дека „чувствителноста, учеството, грижливиот и љубезен однос понекогаш се потребни како лек“, а нашиот медицински персонал „им дарува на нашите пациенти токму таква искрена поддршка“.
„Драги наши жени, Денот на жената е ден кога љубовта, восхитот и благодарноста триумфираат. Овие прекрасни емоции нé обземаат и спојуваат сите нас. Уште еднаш, од срце ви го честитам овој празник. Ви посакувам здравје, успеси, успех во сè. Заемно разбирање со оние кои ви се драги. И, се разбира, колку што е можно повеќе причини за насмевка и радост. Бидете среќни“, заклучи претседателот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче