Поради џиновски навеви жителите на Чукотка копаат тунели до своите куќи (ВИДЕО)

На отстранување на слични последици од природната стихија се ангажирани и градските служби во Мурманск, Новосибирск и Нижни Новгород.

На Чукотка, како последица од снежната бура, настанаа навеви чија висина досега до покривите на куќите. Во селото Енмелен еднокатните куќи потонаа во снегот, па нивните сопственици буквално мораа да ги откопуваат. За да поминат до влезовите на куќите мораа да копаат тунели.

На отстранување на слични последици од природната стихија се ангажирани и градските служби во Мурманск, Новосибирск и Нижни Новгород. Во едно од нижегородските села поради обилниот снег се урна покривот на една куќа. Затоа жителите мораа да ги земат лопатите в раце и сами да почнат да ги расчистуваат куќите.

И во европскиот дел на Русија се очекуваат обилни врнежи. Во Москва наредната недела температурата ќе падне до -20.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња