Инсценираните фотографии беа едно од главните орудија во советската пропаганда. Тоа беше своевиден пи-ар на советскиот живот. Погледнете како удобно си го поминуваат слободното време нашите работници, колку е убаво и уредно во нивниот дом. На таквите фотографии сите се свечено облечени, мажите се со ордени, жените имаат фризури, а децата позираат во празнична училишна униформа.
Сите се најчесто собрани на една маса, секој се занимава со својата работа, а главата на семејството постојано чита весник. Подоцна таквите „идеални“ семејства се преселија пред телевизорот, кој требаше да илустрира добра материјална состојба.
2. Најдобриот стахановец во Магнитка П. Г. Мјаких во слободното време секогаш чита весници, 1939.
3. Херој на Советскиот Сојуз, воениот пилот Алексеј Маресјев со сопругата и синот, 1947.
4. Во семејството на угледен работник, 1948.
5. „Животот е поубав, животот е повесел...“, 1940-ти
6. Во куќата на најстариот работник на Фабриката за производство на земјоделски машини „Ухтомски“ Д. М. Василев во градот Љуберци, 1949. Сите возрасни лица учествуваа во војната.
7. Во куќата на најстариот работник на Фабриката за производство на земјоделски машини „Ухтомски“ во градот Љуберци Антон Иванович Карпунин (40 години стаж). Со сопругата, одборник во Градскиот совет, 1949.
8. Пекарот во фабриката „Болшевичка“ С. И. Мељников со семејството во новиот стан што му го далде фабриката, 1950.
9. Истакнат работник со семејството во нов стан, 1950
10. Херој на Социјалистичкиот труд Дмитриј Маруда со ќерката Лина, 1951.
11. Браварот во фабриката „Економајзер“, лауреат на Сталиновата награда Иван Карташев дома, 1953.
12. Семејството на Константин Ефимович Малков, инженер на московската фабрика за автомобили „Сталин“, 1954.
13. Примерен дом за деца бр. 53 во Сталиновиот реон, 1954
14. Семејството на тувинскиот сточар Бавда Ховалич слуша радио, 1955.
15. Комесарот на крстосувачот „Аврора“ Александар Белишев со семејството, Ленинград, 1957.
16. Пратеникот Павел Дуванов дома, 1950-ти
17. Читање весник Гудок, 1957
18. Пилотот-космонаут Јуриј Гагарин дома со сопругата Валентина, 1962.
19. Семејството на пилотот Марина Попович. Во трпезарија, 1963.
20. Семејство пред телевизор, 1969.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче