Работата на туристички водич и преведувач е неверојатно интересна. Еднаш бев ангажирана како преведувач за време на посета на српска делегација на една кавкаска република. Обиколка на знаменитости, деловни преговори, средба со претседателот - официјалниот дел помина многу успешно. Вечерта нè чекаше традиционална вечера и тука одеднаш дојде до културно недоразбирање.
Домаќините ги креваа чашите и држеа долги говори, додека гостите секојпат наздравуваа со зборот „живели“. Кавказците беа целосно збунети од оваа кратка балканска здравица.
Кавказот е познат по здравиците што личат на бајки. Во Русија здравиците не се толку долги, но и кај нас постои традиција да се држат говори за време во текот на некоја гозба, што ги изненадува странците. На свадби, родендени и всушност во секоја пригода, здравица се очекува од секој гостин.
Во Русија нема некое „традиционално“ наздравување како „живели“, „чин-чин“, „прост“ (гер. Prost) или „чирс“ (анг. Cheers). Русинот мора самиот да смисли здравица, односно да вложи смисла во она што го зборува.
Прво и основно што треба да го запамети секој странец кој планира да ја посети Русија: овде не постои здравица „На здаровје“. До недоразбирањето дојде поради Полјаците кои во 20 век глумеа Русија во холивудските филмови. На полски здравицата гласи „На здровие“ (Na zdrowie).
Значи, ако ве поканиле на руска забава, запомнете ги овие топ-10 кратки руски здравици:
1️⃣За здоровье [за здаровје] – за здравје
2️⃣ За нас [за нас] – за нас
3️⃣ За вас [за вас] – за вас
4️⃣ За любовь [за љубов] – за љубовта
5️⃣ За милых дам [за милих дам] – за драгите дами
6️⃣ За дружбу [за дружбу] – за дружбата
7️⃣ За встречу [за встречу] – за средбата
8️⃣ За знакомство [за знакомство] – за запознавањето
9️⃣ Давайте [давајте] – ајде
🔟 Будем [budem] – да бидеме
🥂 Русите задолжително се потчукнуваат со чашите, но не се гледаат в очи. Со очите следиме да не пропуштиме ниедна чашка при потчукнувањето. Без потчукнување се пие само чаша за покој на душата.
Русите се точни и затоа гостите кои доцнат на прослава се казнуваат со чашка вотка која мора да се испие на прагот пред гостинот да влезе во куќата. Оваа чашка се нарекува „штрафнаја“ (штраф на руски значи казна).
На родендени, првата чашка се пие за славеникот, а втората за родителите.
На руските свадби ќе ја чуете здравицата „горко“. На тој начин гостите бараат од младиот брачен пар да го засладат пијалокот со својот бакнеж.
Пред заминување мора да се испие една чашка за пат која се вика „на посочок“.
Дали некогаш сте биле на руска прослава?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче