Руски дипломати ја напуштија Северна Кореја на рачно правена дресина (ФОТО)

Од Министерството за надворешни работи на Русија соопштуваат дека руските дипломати ја напуштиле Северна Кореја на дресина од домашна изработка.

Видеоснимката е објавена на каналот на рускиот дипломатски ресор на мрежата „Телеграм“.

Како што наведува дипломатскиот ресор, во земјата од Северна Кореја во петокот се вратиле вработените во руската амбасада – осуммина вработени со членовите на нивните семејства. За да стигнат дома дипломатите поради затворањето на границите и запирањето на патничкиот сообраќај морале да поминат „долг и тежок пат“, се истакнува во соопштението на МНР на РФ.

Првин 32 часа со воз, а потоа уште два часа со автобус до граница и на крај најважниот дел од рутата, преминувањето на руска страна пеш. Со таа цел требало однапред да се направи превозното средство, да се постави на шини, да се разместат работите, да се стават децата и да се тргне, велат од МНР на РФ.

Конструкцијата ја туркале на шините повеќе од еден километар, меѓу другото и преку мостот на реката Туманаја.

Колегите од претставништвото на Министерството за надворешни работи во Владивосток ги пречекаа дипломатите на руска територија. Администрацијата на Приморскиот крај им обезбеди автобус кој ги пренесе до аеродромот.

Подоцна портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го прокоментира начинот на кој дипломатите се вратија од Северна Кореја.

„Дипломатската служба е во суштина трнлива и комплицирана, а само се чини дека е елегантна“, изјави тој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња