Во поширокиот центар на Москва, недалеку од Домот на владата и американската амбасада се наоѓа зелена оаза со површина од 22 хектари. На нејзината територија живеат повеќе од 6000 животни кои претставуваат 1100 животински видови. Московската зоолошка градина е основана 1864 година и е една од најстарите во Европа.
1. Во текот на Втората светска војна зоолошката градина не беше затворена. Бомбардирана е 1942 година, но и покрај пожарот, таа опстана. За време на војната ја посетија 6 милиони луѓе.
2. По војната во Москва пристигна воен трофеј – крокодилот Сатурн од берлинската зоолошка. Се зборува дека повеќе пати лично го видел Адолф Хитлер. Сатурн почина минатата година во 85 година од својот крокодилски живот.
3. Компаниите и приватните лице можат да ги плаќаат трошоците за одржување на кое било животно и на тој начин да станат негови покровители. Спонзор на покојниот крокодил Сатурн беше компанијата Lacoste. Фудбалскиот клуб „Динамо“ е спонзор на амурскиот тигар, фармацевтската компанија „Крка“ ги помага вервериците, а „Роснефт“ белите мечки.
4. Најпознатата жирафа во Русија е мажјак кому му го дадоа „полното име“ Самсон Гамлетович Ленинградов. Роден е во Санкт Петербург 1993 година. Секој ден јаде по 11 кг зеленчук, 4 кг овошје и 6 кг леб. Како што се наведува на сајтот на зоолошката градина, најмногу сака банани и моркови. Самсон е висок 5 метри, многу е згоден, љубопитен и добродушен. За жал, немаше среќа во љубовта.
5. Ако вие, за разлика од Самсон, имате среќа во љубовта, имајте предвид дека од 2017 година во Московската зоолошка градина може да се регистрира брак.
Адреса: Болшаја Грузинскаја (Большая Грузинская), 1. Метро: Барикаднаја (Баррикадная), Краснопресненскаја (Краснопресненская).
Работно време: секој ден од 09:00 до 17:00. Продажбата на билети е до 16:00. Цена на влезница: 800 ₽. За деца и млади до 17 години влезот е бесплатен.
Доколку сакате повеќе информации за Москва и московјаните, Русија и Русите онака како што ги гледа домаќинот и професионален туристички водич кој работи со туристи од земјите од поранешна Југославија, посетете го инстаграм-профилот на авторот на овој текст - ВОДИЧ.КРОЗ.МОСКВУ
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче