Илустрација
Legion MediaБаба Лилија од Русија дојде во Тексас да ги посети ќерката и трите вкуки. Поради пандемијата на новиот коронавирус таа мораше да остане во САД. Така и се најде среде крајно необичната за ова подрачје ледена бура што го зароби Тексас.
„Водата ја испуштивме навреме, така што системот за греење не замрзна. Тука повеќето од нив не знаеја дека водата треба да се испушти“, ги пренесува телевизиската станица „360“ нејзините зборови.
Бидејќи во продавниците воопшто немаше да се купи топла облека за толку студени денови, бабата им исплете на своите најмили џемпери. „Ме спаси тоа што живеев во Русија“, рече Лилија.
Синоптичарите наведуваат дека енормното заладување во САД го предизвикале приближно истите оние процеси кои во Москва во средината на февруари ја спуштија температурата на триесет степени под нулата. Според зборовите на стручњаците, генерално предизвикувач на таквите промени би можело да биде глобалното затоплување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче