На Сахалин, во населбата Тимовско, поради силниот циклон куќите на мештаните се најдоа покриени со снег. За да излезат од куќите луѓето мораа да се фатат за лопата и друг алат. Еден од очевидците објави на интернет снимка за тоа.
На снимката може да се види дека навевите се толку големи што практично во целост ги покриваат прозорците на куќите.
Во централниот дел на населбата улиците и премините се целосно затрупани со снег. Сопствениците на продавниците се принудени да прават скалила од снег за да се пробијат до работа.
Претходно беше соопштено дека во селото Бошњаково врз колата на брзата помош паднала лавина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче