ВИДЕО: Ураган во рускиот град Магадан носи луѓе по улица

Бурниот ветар во Магадан носеше по улиците не само делови од разни конструкции туку и ги носеше неговите жители.

Очевидците го сликаа сето тоа, а Telegram-каналот Baza објави компилација од неколку видеа.

На првите снимки се гледа како ураганот налетува на тројца луѓе. Тие се фаќаат за оградите и сообраќајните знаци за да не ги однесе ветрот. Во наредните две видеоснимки во воздухот летаат делови од покриви, а врз автомобилите паѓаат дрвени и метални парчиња од градби.

Градските власти им препорачаа на жителите на Магадан да не излегуваат надвор, а учениците не мора да одат на училиште. Според податоците на Министерството за вонредни состојби, слично време ќе се задржи во овој град уште два дена.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња