„Надградбата на нокти е најпопуларната услуга во нашиот салон и сакавме да покажеме дека можеме да се избориме со сите тешкотии. Моделот е девојка со низок раст, па по надградбата на нокотот долг 1 метар и 35 сантиметри не беше многу понизок од неа. Наредниот ден ѝ го тргнавме, затоа што е невозможно да се носи“, изјави соговорничката на агенцијата Надежда.
Според неа, надградбата на нокотот обоен во боите на руското знаме и украсен со кристали траела околу шест часа. „Вредноста на потрошените материјали е околу 7 илјади рубли (околу 78 евра), беше потребно околу еден килограм лак“, истакна маникирката.
@leonova_nails_studio А это ещё не конец😄 как думаете сколько он см? Лайк и расскажу продолжение #рек#хочуврек#рекорд#маникюр
♬ I'm So Pretty - chunkymonkeeyy
Сега таа ја пополнува пријавата за Гинисовата книга на рекорди за да биде забележан овој успех. „Според податоците од интернет, претходниот рекорд е околу 121 сантиметар, но во Гинисовата книга на рекорди засега официјално не постои таква ставка“, додаде Надежда.
Како што признава таа, нејзината работа наишла на голем одзив на социјалните мрежи. Снимката на ТикТок за еден ден собра 1,3 милиони прегледи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче