Руски сообраќаец скокнува во возило на пијан возач при голема брзина! (ВИДЕО)

скриншот МВД МЕДИА
Ова не е каскадерски трик од филмот „Лудиот Макс“! Вака руски сообраќаец запира арогантен возач!

Еден инспектор на сообраќајната полиција во Керч (Крим) запре пијан возач на несекојдневен начин, а сето тоа го сними камера. Видеоснимката ја објави прес-службата на Министерството за внатрешни работи на Русија.

Сообраќајната полиција го запре возилото поради непрописно возење, но штом му се доближи инспекторот заради идентификација, возачот неочекувано даде гас. Сообраќаецот успеа да ја отвори вратата на возилото, но не и брзо да скокне внатре. Следеше борба на живот и смрт:

Како што се покажа, возачот го позајмил автомобилот од свој пријател за да се довезе до продавница, а патем поминал на црвено светло.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња