Во 70-тите години советските научници во рамките на еден експеримент ги донеле крабите во Мурманск и на полуостровот Кола. Според зборовите на Рамос, тие не само што се прилагодиле на новите услови, туку почнале да мигрираат и на територијата на соседна Норвешка сé до Лофотските острови, пренесува РИА „Новостиˮ.
Новинарот истакнува дека раковите денес им создаваат големи проблеми на локалните рибари, затоа што со клештите им ги кинат мрежите.
Своите замерки ги изнесоа и активистите за заштита на животната средина. Според нив, големите колонии краби ги јадат дагњите, мекотелите, планктоните и сите жители на морските длабочини, нарушувајќи ја на тој начин рамнотежата на екосистемот.
Авторот на статијата ја споредува инвазијата на крабите со германската окупација на Норвешка за време на Втората светска војна. „Но дури и овие дамнешни инвазии не можат да се споредат со доаѓањето на десетици милиони камчатски краби, Црвената армија на Сталин“, заклучува Рамос.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче