„Имаме ефикасни вакцини, веќе се регистрирани во 13 земји. Генерално епидемиолошката ситуација во земјата постепено се стабилизира. Утринава ги слушнав извештаите, бројот на оздравени го надмина бројот на заболени. Бројот на заразени се намалува, помал е од 20 илјади“, рече Путин на средбата со студентите по повод Денот на руските студенти, пренесуваат руските медиуми.
Рускиот претседател рече дека ситуацијата се враќа во нормала и во Москва, при што изрази благодарност до властите. „Тоа ни дава можност да почнеме со внимателно укинување на претходно воведените ограничувања и враќање во нормален ритам“, рече Путин.
Вчера, во последните 24 часа во Русија беа потврдени 19290 нови случаи на зараза со коронавирус, што е првпат дневниот број на заразени да падне под 20 илјади од 11 декември. Вкупниот број случаи од почетокот на пандемијата достигна 3738690.
Масовната вакцинација против коронавирус во Русија започна на 18 јануари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче