Русите ставаат снег на пламен за да докажат дека не е вистински!? (ВИДЕО)

николай супер Live мой канал подписаться/youtube
Нов предизвик ги преплави руските социјални мрежи: луѓе ставаат грутки снег на пламен и се чудат зошто не се топи, па извлекуваат заклучок дека е направен од пластика. Меѓутоа, тоа е само работа на физика.

Снежен предизвик започна на југот на Русија во Краснодарскиот крај. Снегот тука не е вообичаена појава и обично се топи многу брзо. Годинава зимата во Русија е постудена од претходните години и некои тамошни жители решија да дознаат зошто снегот во нивниот крај не се топи.

Оваа снимка, објавена на 12 јануари на профилот „Типичен Краснодарˮ на „Инстаграм“, прикажува човек кој во својот двор зема грутка снег, а потоа ја става над пламен од лет-лампа. Ја држи мошне долго, околу 40 секунди, но снегот не се топи, само потпукнува. „Што би требало да биде со снегот? Би требало да се топи“, вели тој и додава дека тоа е веројатно поради хемикалии во снегот.

Оваа снимка веднаш собра многу прегледи. И други жители на регионот се обидоа да стават снег на пламен. „Тоа не е шега. Чади, но ниту една капка не ми останува в рака, навистина како да е од пластика“, го коментира еден жител на Краснодар овој експеримент.

Неверојатната физичка особина на снегот го привлече вниманието и на жителите на соседната Ростовска област. „Ја видовме снимката од Краснодар на која нивниот снег не се топи и решивме да провериме“, напиша една дама. „Смрди како да гори пластично шише. Секоја чест за хемиските испитувања“.

Снежниот предизвик беше повторен во Волгоград, исто така на југот на Русија. „Откако ги погледнав снимките од Краснодар и Ростов, гледајќи дека нивниот снег е пластичен, решив да го изведам истиот експеримент во Волгоград“, вели една жена која прави грутка и ја пали. „Да, навистина. Снегот не се топи, дури и не капи, се топи како обично пластично шише“. И мирисот не им се допадна на жителите на област и жената заклучува дека и тие имаат „пластичен снег“.

Всушност, експериментот многу лесно се објаснува. Грутката е компресиран снег кој има висока топлотна спроводливост. Ниедна капка нема да падне од неа сé додека целата грутка не достигне температура на топење. Затоа се добива впечаток дека снегот не се топи. Гарежот и пластичниот мирис се појавуваат поради гасовите од лет-лампата. „Доколку слабо сте учеле физика на школо, животот секогаш ќе ви биде волшебен!“. Така други Руси реагираа на снимката.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња