Ова се сестрите Арина и Дина Аверини, најнаградуваните близначки во светот на гимнастиката (ФОТО)

Global Look Press
Сестрите Аверини преку 15 беа шампионки на светот во ритмичка гимнастика, а 2020 година требаше да учествуваат на Олимпијадата во Токио (доколку не беше откажана поради пандемијата).

„Што можеме да правиме во карантин? Сложуваме сложувалки, правиме колажи, боиме слики додека не ги потрошиме фломастерите. И да, исто така, негуваме дрво“, така 22-годишните гимнастичарки Дина и Арина Аверини опишаа еден викенд во 2020 година.

И покрај пролетниот карантин, девојките имаа малку денови за одмор. Речиси секој ден тренираа и секој нареден ден им наликуваше на претходниот.

„Стануваме, се миеме, го поминуваме прегледот и одиме в сала: кореографија, тренинг и сé едно те исто. Т.е. воопшто не ни се менуваше глетката пред очи“, рече Дина во документарниот филм за Матч ТВ.

Дина Аверина

Меѓутоа, девојките не мораа да се навикнуваат на исцрпувачките тренинзи. Без нив тешко дека ќе освоеја првенство на светот во ритмичка гимнастика. Дина победи на светското првенство 13 пати, а Арина 4 пати.

Девојките се родени во малиот град Заволожје во Нижегородската област (369 километри од Москва), а со гимнастика почнаа да се занимаваат уште од рана возраст, пред да тргнат на училиште.

На почетокот идните шампионки постигнуваа да одат на училиште и да се занимаваат со спорт, но кога наполнија 14 години се преселија во Москва и почнаа да тренираат во Центарот за олимписка подготовка кај тренерот Вера Шаталина, која исто така ја тренираше Алина Кабаева.

„На првите подготовки бевме во Хрватска, вежбавме со ѕвездите на светската гимнастика. Бевме во шок, затоа што таква шанса се добива еднаш во сто пати“, се потсетува Арина на првите тренинзи.

Арина Аверина

Неколку години подоцна почнаа да пристигнуваат првите титули. Најпрвин Дина во 2014 година победи на првенството на Москва. Истата година сестрите учествуваа на Гран-прито во Холон, кога златото го освои Арина. Во 2017 година двете освоија злато на светското првенство во различни дисциплини.

Според сестрите, на почетокот на кариерата биле натпреварувачки настроени една спрема друга.  

„Дина тешко ги преживуваше ситуациите кога бев прва, а таа втора. Тоа многу ја болеше, дури и ќе заплачеше“, рече Арина.  

Арина Аверина



 

Во текот на растењето престанаа да се натпреваруваат меѓусебно, а денес на сите натпреварувања навиваат една за друга и заемно се поддржуваат.

Секоја од сестрите е успешна во својата дисциплина. Дина е поуспешна са обрач и чуњеви, а Арина со топка и лента, рекоа сестрите во телевизиската емисија „Вечерен Ургант“ на рускиот Прв канал. Според карактерот тие, исто така, се многу различни, но тоа не им пречи да се дружат и да го поминуваат слободното време заедно.

Дина Аверина

„Јаа имам строг и силен карактер, а Ариша е повнимателна и поблага. Имаме ист вкус, интереси, затоа секогаш се согласуваме. Ништо не ни е здодевно. Секогаш сме заедно и можеме да разговараме. Една на друга си ги кажуваме сите тајни, проблеми, и никој нема да ги дознае“, рече Дина.

Во февруари 2020 година Дина си го повреди грбот, но и со повреда сепак настапи на првенството на Русија.

„Таква незамислива, ужасна болка не може да се спореди со ништо, ништо слично претходно немам доживеано“, рече Дина за својата повреда. Неколку месеци подоцна заздраве и повторно настапи на меѓународен турнир кој поради ширењето на коронавирусот беше одржан онлајн.

Дина Аверина

„Најпрвин се исплашив. Си помислив: како, што? Се чувствував лошо и поради тоа што ја доживеав повредата во истата сала. Малку треперев. Но, кога излегов, го видов душекот, судиите, се смирив“, рече Дина.

Освен тоа, сестрите требаше да учествуваат на Олимписките игри 2020 година во Токио, но поради коронавирусот натпреварувањето беше одложено за 2021 година.

Арина Аверина

„Бевме на тренинг и тогаш дознавме дека Олимпијадата е одложена. Се погледнавме една со друга и седнавме. Што да правиме, зошто да тренираме? Но, сега ми е дури и полесно, сега не тренирам за да учествувам на Олимпијадата, туку од задоволство“, вели Дина.

Сепак, тие се надеваат дека годинава ќе учествуваат на Олимпијадата.

Сé уште не се знае кој ќе ја претставува Русија, затоа што имаме многу резервни натпреварувачки, а секоја од нив е достојна да настапи на Олимпијадата“, тврди Арина.

„Не треба да се опуштите, не треба да го изгубите своето место, туку секој ден да доаѓате и да работите со целата сила“, уверена е Дина.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња