Рускиот претседател Владимир Путин и годинава учествуваше во богојавленското капење, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
„Многумина ме прашуваат дали Путин учествувал во богојавленското капење. Вие знаете дека тој традиционално го прави тоа, тоа е неговата традиција. А Путин ги почитува традициите“, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Кремљ наведува дека шефот на руската држава учествувал во овој настан во Подмосковје. Претседателот влезе во ледената вода, по обичај трипати се прекрсти и се нурна во водата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче