Во последната, 12 етапа, Сотников беше втор, заостанувајќи четири секунди зад Чехот Мартин Мацику со „Ивеко“. Трет беше еден од претставниците на КамАЗ-мастер Антон Шибалов.
Токму тој резултат беше доволен за Сотников да го задржи водството во генералниот пласман. Возачите на КамАЗ-мастер ги освоија на маратонот сите три победнички места. Втор беше Антон Шибалов, а трет Ајрат Мардеев.
За Сотников оваа победа беше прва на Дакар. Претходно 35-годишниот возач го освојуваше второто место на натпреварувањата во 2017 и 2019 година. Русинот во 2013 и 2017 година победи на релито „Патот на свилата“.
За тимот на Камаз-мастер победата на Дакар беше петта по ред и вкупно 18-та. Освен во вкупниот пласман на возачи на камиони, руските возачи победуваа и во категоријата квадрицикли. Во 2017 година првото место го зазеде Сергеј Карјакин.
Рели-маратонот Дакар се одржа вторпат по ред во Саудиска Арабија. Договорот со владата важи пет години. Трката се одржува од 1978 година. За време на првите 30 години, рели-маратонот се одржуваше претежно на подрачјето на Северна Африка со финалето во Дакар, главниот град на Сенегал. Во 2008 година натпреварувањето беше откажано поради терористички закани, а потоа 11 години се одржуваше во Јужна Америка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче