За време на пандемијата оптовареноста на патната мрежа во Московската агломерација е намалена на 54 отсто, а густината на сообраќајот на магистралите за 5 отсто.
Московската градска агломерација се најде врз основа на мерењата на оптовареноста на патиштата во текот на изминатата година на прво место, тврдат стручњаците од холандската фирма TomTom која се занимава со производство на системи за навигација и правење мапи. На минатогодишната ранг-листа Москва беше на шестото место.
Ситуацијата е анализирана според новиот систем кој се применува од 2019 година, а тоа значи дека мерењата не се спроведувани само во рускиот главен град туку и во дел на Московската област. Притоа генерално нивото на оптовареност на патиштата во Московската агломерација е намален во споредба со 2019 година од 59 на 54 отсто. И магистралите бележат намалување на оптоварувањето – за 5 отсто.
Секој возач губел во московските метежи во просек 200 часа секоја година, велат податоците на холандската компанија. Најголемо сообраќајно оптоварување, од 97 отсто, е регистрирано во Московската агломерација во петокот, 25 декември. Притоа април бил месецот со најдобра сообраќајна ситуација, затоа што напролет во главниот град и Московската област беа воведени мерки насочени кон спречување на ширењето на пандемијата, оптовареноста на патиштата изнесувала во просек 8 отсто.
Најголем број застои се бележат во Москва во четврток од 18 до 19 часот. Секојдневно возачите се затечени во метежите меѓу 22 и 30 минути.
На второ место на ранг-листата се најде Мумбај, во кој сообраќајното оптоварување изнесувало 53 отсто. Истиот показател важи и за Богота и Манила.
Од секретаријатот за сообраќај на главниот град велат дека е тешко да се оценат податоците на холандската компанија поради тоа што мерките кои во градовите во светот се применуваат во борбата против пандемијата се различни.
Како што се наведува, додека во Европа ограничувањата траат практично цела година, Москва речиси во целост се опоравила, а режимот на самоизолација во главниот град траеше само од април до јуни.
Како што коментираат надлежните, нивото на оптовареност на патиштата е опаднато без оглед на растот на бројот на автомобили на нив. Бројот на возила на патиштата е зголемен за 4 отсто, што е 155 илјади возила повеќе. Притоа нивото на оптовареност на патиштата е сепак намалено на годишно ниво за 5 отсто.
Во Москва од средината на април лани, кога беа воведени мерки на ограничување поради пандемијата, за движење со свое возило и со градски превоз беше потребна специјална дигитална дозвола. Многумина го напуштија главниот град.
Оптовареноста на патиштата во Москва опадна минатата есен и поради тоа што многумина вработени се префрлија на работа на далечина. Тие мерки важеа во вториот бран на пандемијата во рускиот главен град.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче