Нокаут од рускиот боксер Поветкин прогласен за најдобриот во 2020 година

Global Look Press
Популарниот веб-портал BoxingScene го прогласи нокаутот на мечот Поветкин-Уајт за најдобриот во 2020 година.

Победата ја однесе рускиот боксер Александар Поветкин. На 22 август во Брентвуд, Поветкин го победи Британецот Дилијан Уајт со технички нокаут во петтата рунда и со тоа ја освои титулата привремен првак на светот според WBC и појасот WBC Diamond.

Се смета дека реваншот ќе се одржи во март оваа година.

За титулата најдобар нокаут на 2020 година се „натпреваруваа“ и ударите во борбите Рајан Гарсија-Франсиско Фонсека (14 февруари), Џозеф Џорџ-Маркос Ескудеро (1 август), Хозе Зепеда-Иван Баранчик (31 октомври) и Џервонт Дејвис-Лео Санта Круз (31 октомври) и Ентони Џошуа-Кубрат Пуљев (12 декември).

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња