На небото над Камчатка експлодираше метеорит (ВИДЕО)

Во Земјината атмосфера во реонот на западниот брег на Камчатскиот крај научниците забележаа експлозија на метеорит.

Стручњаците утрото на 11 јануари детектираа сигнал што укажуваше на влегување на небесно тело во атмосферата. Движењето на метеоритот во погустите слоеви на атмосферата траеше 55 секунди, објави РИА „Новостиˮ повикувајќи се на изјавата на директорот на Камчатската филијала на Единствената геодезиска служба на Руската академија на науките Данила Чебров.

Според првичните податоци, пречникот на метеоритот не бил поголем од 10 метри, а силата на експлозијата била еквивалентна на експлозија на еден до пет килотони ТНТ.

Научниците почнаа да го бараат сигналот за влегувањето на небесното тело во атмосферата откако на социјалните мрежи се појави снимка од летот и експлозијата на метеоритот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња