Замрзнат појадок во Новосибирск доживеан како „уметничко дело“

Еден корисник на „Твитер“ потпиша објавена фотографија со зборовите „појадок во Новосибирск, вчера беше -40“. На фотографијата гледаме тестенини кои толку се скамениле што ја држат виљушката во воздух. Во воздухот исто така лебдее јајце! Како е можно?!

Корисниците на „Твитер“ не ја кријат зачуденоста и пишуваат дека сликата може слободно да се смета за уметничко дело.

 „Тоа сега е уметничко дело“, пишува ChristineP.Ariniello.

„Температурата на воздухот е грозна, ама појадокот изгледа прекрасно“, забележува @BrambleJim.

„А како го изеде тоа?!“, прашува @JeffNeiman.

„Дали и зборовите што ги изговараш се претвораат во мраз“, се интересира @eriq49.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња