Припадниците на Министерството за вонредни состојби на Русија спасиле 2,5 милиони луѓе за 30 години

EMERCOM of Russia / Globallookpress.com
Во текот на наведените три децении се спасени повеќе од 2,5 милиони луѓе: цел еден град. Во принцип Министерството за вонредни состојби на Русија годишно спасува од 100 до 200 илјади луѓе.

Во текот на триесетте години постоење Министерството за вонредни состојби на Русија спасило 2,5 милиони луѓе, изјави првиот заменик-раководител на овој ресор Александар Чупријан на конференцијата за медиумите одржана во просториите на новинската агенција ТАСС.

„Во текот на наведените три децении се спасени повеќе од 2,5 милиони луѓе. Значи цел еден град. Во принцип спасуваме годишно од 100 до 200 илјади луѓе“, нагласи тој.

Претходно Евгениј Зиничев во интервју дадено за новинската агенција ТАСС изјави дека годинава бројот на вонредни состојби во Русија пораснал за речиси 30 отсто, но истовремено е и значително намален бројот на загинати и повредени. Во Русија во текот на оваа година во вонредни состојби, пожари и сообраќајни несреќи се спасени повеќе од 100 илјади луѓе.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња