Во разговорот што во средата, 23 декември, го објави весникот „Известија“, Стоун меѓу другото зборува за Американците и нивната критика на Русија, велејќи дека во таква ситуација добива желба да им каже: „Дедо ви, татко ви и мајка ви би можеле да бидат мртви да не е Русија. Да не е таа, Америка и Велика Британија ќе мораа да принесат многу повеќе жртви на олтарот на Втората светска војна. Русите се жртвуваа себе и ве спасија“.
Стоун, којво декември ја прими руската вакцина против коронавирус „Спутник V“, се пожали дека Американците не го разбираат кога се обидува да им ја објасни улогата на Русија во Втората светска војна, а помладите генерации воопшто и не знаат што е тоа. „Тие зборуваат на некој свој јазик, сé нешто „зипи-зупи-запи“, а се облекуваат така што нема разлика меѓу момчињата и девојчињата“, изјави 74-годишниот режисер.
Во јануари Стоун ѝ претскажа на Америка одмазда за злото, велејќи дека неговата татковина е многу корумпирана земја.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче