Припадници на Министерството за вонредни состојби во Иркутската област направија од снег хеликоптер Ми-26 во природна големина. Снимка од својата скулптура споделија на „Инстаграм“, пренесуваат руските медиуми.
На снежниот хеликоптер се испишани и сите потребни идентификациски ознаки.
Снежниот Ми-26 е поставен на шасија. На него е прицврстен и главен ротор со лопатки што се вртат на ветрот.
Скулптурата е изработена во склоп на натпреварот по повод 30-годишнината на Министерството за вонредни состојби на Русија.
Корисниците на социјалните мрежи коментираа дека снежниот хеликоптер изгледа „како вистински“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче