Според зборовите на докторот по биолошки науки Валериј Стахеев, во регионот расте бројот на црни вдовици, кои порано се сретнуваа само на границата со Калмикија и на брегот на Таганрошкиот залив, пишуваат руските медиуми.
Стахеев вели дека овој вид црни вдовици почнал да се раселува поради затоплувањето.
Стручњакот укажа и на важноста на човечкиот фактор, затоа што овие пајаци ги привлекуваат депониите и ѓубриштата.
Црната вдовица може да нападне човек дури и при случаен контакт. Нејзиниот отров го парализира респираторниот центар во продолжниот мозок, а нејзиното каснување може да доведе до смрт.
Поради затоплувањето на ова подрачје се зголеми и активноста на змиите, кои почнаа почесто да се завлекуваат во станбените згради.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче