Росгвардија
TASSСите соработници и војници на Росгвардија мораат да тежнеат кон идеалниот профил на нејзиниот припадник. Тој треба да биде професионално обучен, коректен, ладнокрвен и решителен... Претставникот на Росгвардија во сите пригоди треба да биде смирен и воздржан, внимателен во комуникацијата со граѓаните, да им се обраќа со „вие“, да ги изложува своите барања во убедлива и разбирлива форма, да не дозволува спорења и постапки кои ги навредуваат честа и достоинството, се вели во белешката.
Како што се наведува, припадниците не смеат да влегуваат во судир и на некултурно однесување да одговараат со иста мера. Барањата до новинарите да го прекинат снимањето на масовни настани не се законити, се нагласува во белешката. Заканувањето со повикување на одговорност на вработените во медиумите според член 19.3 на Законот за прекршоци (непочитување на законска наредба на полициски службеник) е неприфатлива.
Треба да се знае дека сите постапки на соработниците и војниците на Росгвардија при вршењето на службените должности будно ги следат граѓаните и медиумите, се наведува во документот.
Во јули претседателот на РФ Владимир Путин потпиша закон според кој припадниците на Росгвардија се обврзани да им се претставуваат на граѓаните и да ја покажат легитимацијата на нивно барање.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче