Рејтингот ги зема предвид финансиските и медиумските показатели, како и показателите на дополнителните работења и добротворни активности. Врз основа на нив е составена листа на најуспешните спортисти во земјата. На врвот на списокот се најде шампионот на UFC во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов. Неговата заработка изнесува 12,6 милиони долари, пренесуваат руските медиуми.
Наредните четири места ги зазедоа играчите во Националната хокеарска лига (NHL) Александар Овечкин (15,5 милиони), Артемиј Панарин (13,6), Никита Кучеров (11,8) и Евгениј Малкин (9,6).
На списокот се најдоа и тенисерот Даниил Медведев, кој оваа сезона победи на завршниот АТП турнир (6,1 милиони), олимписката првенка во уметничко лизгање Алина Загитова (2 милиони), како и фудбалерот на „Зенит“ Артјом Дзјуба (5,2) и напаѓачот на „Спартак“ Александар Кокорин (4,3).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче