Сибирската „робинзонка“ Агафја добива нова куќа со поддршка на руски тајкун

Агафја Ликова

Агафја Ликова

Иљја Питалев/Sputnik
Дрвената куќичка на Агафја скапа ко дворец! За да се скрати времето за изградба на лице место, најпрви далеку од местото каде што живее Агафја куќичката беше целосно изградена, а потоа расклопена. Тогаш со помош на три автомобила и трактор градбата беше префрлена кај одморалиште на река 250 километри од местото каде што живее Агафја. Дури тогаш со ховеркрафт-чамци беа испратени првите партии на местото на изградбата. За префрлување на целата куќа ќе бидат потребни најмалку 18 такви возења.

Со поддршка од рускиот бизнисмен Олег Дерипаска започна изградбата на нова куќа за сибирската робинзонка Агафја Ликова во тајгата во Хакасија, соопшти директорот на резерватот „Хакаски“ Виктор Непомњашчи. 

Агафја Ликова е единствената преостаната претставничка на семејството ставореци Ликови, кои живееја во изолација од 1937 година. Нив во 1978 година во Западните Сајански планини ги пронајдоа геолози. 76-годишната Агафја и денес живее во тајгата. Кон крајот на ноември Непомњашчи соопшти дека таа од Дерипаска побарала помош во изградба на куќа.   

„Со помош на индустријалецот и претприемач Олег Дерипаска започна изградбата на нова куќа за жителката на тајгата. Во моментов е во тек најтешкиот дел од работата – допремувањето на материјалот. Причина е тешката достапност на имотот на Ликови“, напиша Непомњашчи на својата страница на „Фејсбук“.

Според него, за да се скрати времето за изградба на лице место, најпрвин во Абакан беше целосно изградена куќичката, беа обележани составните делови, а потоа беше расклопена. Тогаш со помош на три автомобила и трактор градбата беше префрлена кај одморалиштето на реката Ада 250 километри од местото каде што живее Агафја. Дури тогаш со ховеркрафт-чамци беа испратени првите партии на местото на изградбата. За префрлување на целата куќа ќе бидат потребни најмалку 18 такви возења.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња