Лизгалиштето ГУМ на Црвениот плоштад.
Вјачеслав Прокофјев/TASSГодинава лизгалиштата во Москва поради пандемијата се отворија подоцна од обично и со одредени ограничувања. Меѓутоа, граѓаните и посетителите на градот нема да останат без својата омилена зимска забава.
Лизгалиштето кај ВДНХ.
Кирил Зиков/Moskva AgencyГодинава ќе бидат отворени околу 1500 лизгалишта, вклучувајќи ги и оние познатите во паркот „Горки“ и ВДНХ, како и оние помалите на простори надвор од центарот од градот. Сите се различно украсени.
Лизгалиштето кај ВДНХ.
Кирил Зиков/Moskva AgencyЕдно од најголемите лизгалишта во Москва, она во ВДНХ, годинава е украсено на тема Антарктик во чест на 200-годишнината од откривањето на овој континент. Насекаде има пингвини!
Лизгалиштето кај ВДНХ.
Кирил Калиников/SputnikЛизгалиштето во паркот „Горки“ го носи името „Навигатор“ и тематизира пет руски „чуда“: светилникот Мурманск, планината Елбрус, Златниот мост во Владивосток и дворецот Ластовичкино гнездо на Крим. Тука има и многу штандови со храна, каде посетителите можат да се окрепат по лизгањето!
Паркот „Горки“.
Сергеј Карпухин/TASSЛизгалиштето во близина на ГУМ на Црвениот плоштад за посетителите подготви забава со песни од познати советски филмови и цртани.
Лизгалиштето ГУМ.
Алексеј Мајшев/SputnikВлезниците можат да се купат само на интернет, а вообичаените физички билетарници оваа сезона нема да работат.
Лизгалиштето ГУМ.
Вјачеслав Прокофјев/TASSНа бесплатните лизгалишта посетителите можат да влезат само со QR-код кој можат да го преземат на интернет. Ако на мразот има премногу луѓе, управата привремено ќе го затвори влезот.
Паркот „Горки“.
Сергеј Карпухин/TASSМосковските лизгалишта се отворени секој работен ден од 10 до 22 часот, а во викенд до 23 часот.
Лизгалиштето ГУМ.
Алексеј Мајшев/SputnikЦелиот инвентар се дезинфицира. Посетителите внатре во гардеробите ќе мораат да носат маски и ракавици.
Лизгалиштето кај ВДНХ.
Кирил Зиков/Moskva AgencyЛуѓе со висока температура нема да можат да влезат на лизгалиште. Додека се на лизгалиште, посетителите нема да мораат да носат маски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче