Руските непрофесионални ММА-борци собираат прегледи не само по пат на брутални изјави, туку и благодарение на навистина необични и возбудливи борби. Неодамна на каналот Punch Club се појави снимка од борба меѓу Василиј Камоцки наречен Пељмен и Денис Виљднов наречен Папа. Тука е забележан и еден рекорд на руски терен кога се работи за борби со голи раце според вкупната тежина на двајцата соперници. Имено, Камоцки е тежок 173,2 килограми (и висок 180 см), а Виљданов 197,7 килограми (и висок 191 см).
30-годишниот Василиј Камоцки е земјоделец, живее во градот Илански, околу 250 километри од Краснојарск. Во март минатата година го посети фитнес-фестивалот во Краснојарск за да се фотографира со познатиот кревач на тегови Кирил Саричев. Таму се одржа и шампионат во шамарање. Камоцки, тежок 170 килограми, не планираше да учествува, меѓутоа, другарите го наговорија. Василиј победи, кутнувајќи како од шега неколку конкуренти. Саричев беше импресиониран, му го даде прекарот Пељмен на Камоцки и го покани во Москва. Василиј во тоа време имаше 500 следачи на „Инстаграм“, но по победата на турнирот надмина 10000, а сега ги има 174000.
Камоцки беше постојан учесник во проектот „Камени лица“ на блогерот Амиран Сардаров. По завршувањето на проектот, почна да се тепа со голи тупаници во проектот на Кирил Саричев Punch Club. Најпрвин го нокаутираше Сергеј Поштак Сатанистот, кого година дена порано не можеше да го совлада во борба со шамари (беше нерешено), а потоа го победи со одлука на судиите кај Корнеј Тарасов. Во детството Камоцки се занимавал со бокс, при што одел во иста секција во која некое време тренирал и сегашниот шампион на UFC во најлесната категорија Петар Јан.
33-годишниот Денис Виљданов исто така се прослави на „Јутјуб“ благодарение на шамарите. Учествуваше во „Камени лица“, се бореше со Сатанистот и го патосираше со првиот удар. Во непрофесионалните ММА-борби дебитираше на каналот „Битва за хајп“, соборувајќи го во 20 секунда на првата рунда фитнес-тренерот Арнолд Величко, тежок 146 килограми.
Денис Виљданов наречен Папа (десно)
Битва за Хайп ЛучшееСледеа повреди, нови победи, пораз од Александар Курич на Punch Club. За тоа време симна околу 20 килограми. Денис порано играл рагби, се занимавал со кревање тегови, влечел возови во шоу-програми со снагатори. Како за некого без основна обука во боречки вештини Виљданов во рингот се чувствува многу самоуверено.
А како си поминаа во рингот Пељменот и Папа и кој победи, погледнете овде (од 25 мин): youtube.com/Punch Club
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче